Sunday, December 23, 2007

Детоксификација на организмот

Исфрлањето на токсините од телото е многу важно за здравјето. Токсините се на секаде, во храната што ја јадеме, генетски модифицираната храна, во месото полно со хормони, во купените сокови полни со конзерванси, адитиви, појачувачи на вкусовите, во алхохолот и цигарите, смогот.. речиси во секој аспект на модерното живеење. Организмот полн со токсини е подложен на повеќе напади на вируси, бактерии и различните болести се поприсутни во денешново модерно живеење.

Тестирајте се да видите дали на вашето тело му е потребна детоксификација

  1. Дали ви се случува бар 2 пати во неделата да имате главоболка?
  2. Дали некогаш ви солзат или ве чешаат очите , или ви се појавува леплив исцедок?
  3. Дали имате темни кругови под очите?
  4. Дали некогаш ве чешаат ушите,имате болка во ушите, исцедок, или зуеење?
  5. дали имате проблеми со затнување на носот, или проблеми со синусите?
  6. Дали имате егземи или чешање на кожата?
  7. Дали некогаш чувствувате болка во зглобовите и мускулите?
  8. Дали имате спор метаболизам и тешко слабеете, или можеби тешко добивате килограми?
  9. Дали патите од често и итно мокрење?
  10. Дали често имате киселини во желудникот, и нагони за повраќање?
  11. Дали наутро имате исклучителен горчлив вкус во устата и бел и леплив јазик?
  12. Дали брзо се опијанувате од алхохол?
  13. Дали кофеинот од кафето не делува на вашето спиење?

Доколку имате позитивни одговори на 5 или повеќе прашања, вашиот организам има потреба од детоксификација.

Доколку имате 3 до 5 позитивни одговори, вашиот организам почнува да се гуши во токсините. Брзата детоксификација е препорака за ваквата состојба. колку повеќе се одложува проблемот, подоцна е потешко да се отстрани.

Доколку сте одговориле позитивно на 1 прашање, вашиот организам е ослободен од повеќето токсини, што значи дека вашите секојдневни навики имаат позитивен ефект на вашето здравје

Секојдневно ни се заканува опасност од внатрешни и надворешни токсини. На пример кислородот, основата на целокупниот живот на нашата планета и најважната состојка која ја користат сите клетки, секој ден. Кислородот е хемиски реактивен и високо ризичен. Во нормална биохемиска реакција , кислородот може да стане нестабилен и способен за оксидирање на соседните молекули. Ова може да доведе до клеточно оштетување , што понатаму мозе да биде поттикнувач на цанцерот, воспаленија, оштетување на артериите, и предвремено стареење. Оксидираните молекули, познати како оксиданси се создаваат во процесите на контаминација како што се пушењето цигари, пасивното пушење, радијација, внесување на пржена или препечена храна, и нирмални телесни процеси. Антиоксидансите ги неутрализираат овие штетни оксиданси. Балансираниот внес на антиоксиданси може да биде од животно прашање.Секогаш работите можат да се свртат во своја полза, како на пример воведување на храна богата со антиоксиданси или суплемент, би можело да ви го подобри квалитетот на животот 100%. Треба да се запомни дека посебните антиоксиданси никогаш не работат засебно , тие се секогаш различни но поврзани меѓу себе. на пример Витаминот Ц е растворлив во вода, додека витаминот Е е растворлив во масти заеднички тие го штитат ткивото и течностите во телото. Присуството на антиоксиданси е од непроценливо значење во организмот.

Главниот сојузник во вашата детоксификација се антиоксидансите.

Храната богата со антиоксиданси,

Дренки, боровинки, јагоди, капини, односно бобестото овошје процентуално содржи најмногу антиоксиданси, потоа следат брокулата, кељот и прокељот, сливи, спанаќ и други кои имаат антиоксиданси но во помала количина.

Внесувањето на доволно течности во денот е исто така од големо значење, за организмот. Просечен човек има потреба од најмалку 2 литри вода во текот на денот за да се овозможи тло за правилно одвивање на сите метаболитички процеси. Пиејки вода, се овозможува исфрлање на токсините преку телесните течности.

Покрај водата важно е и внесувањето на свежо изцедени сокови, растворени со вода поради полесна абсорбција, и внесување на чај. Зелениот чај е природен антиоксиданс, а исто така е и прекрасна замена за кафето. Дневна дозволена количина е 1 литар.

Секојдневната физичка активност е исто така важна за детоксификација на организмот. Со физичката активност се активира телото, а преку потењето дополнително се изфрлаат токсини.

Се разбира за да детоксификацијата биде потполна треба балансирана исхрана полна со овошје и зеленчук. Додека трае периодот на детоксификација препорачливо е да се избегнува храна од животинско потекло.

И на крајот, добриот и квалитетен сон е многу важен за обнова на целиот организам. Квалитетен сон се подразбира сон, кој опфаќа минимум 8 часа спиење, а највазен период за обнова на клетките е периодот од 12 h до 2 h после полноќ.

Десет Совети За Оптимално Здравје

1. Секојдневно внесувајте разновидна храна. Во вашите порции застапете минимум 5 типови на храна. Внесувањето на разновидна храна му доволува на организмот секојдневно да добива доза на витамини минерали и други потребни состојки за нормално функционирање.

2. Одржувајте оптимална тежина. Под оптимална тежина се подразбира тежина која е одговара на обликот на телото и висината, а е добиена на преку здрав начин на исхрана и физичка активност,. Оптимална тежина во никој случај не значи и слабо и изнемоштено, од нездрави диети, тело.

3. Намалете го внесот на заситени масни киселини кои му штетат на вашето здравје и се оговорни за таложење на масни наслаги и холестерол во вашето тело. Избегавајте ги производите од животинско потекло. Корисни протеини и прозводи од животинско потекло се: рибата мисиркиното месо, морските плодови, и доколку би живееле пред 50 години би рекла и пилешкото месо, меѓутоа денешните стандарди за производство на пилешко месо полно со стероиди антибиотици и хормони, преставува само дополнителен токсин во вашето тело.

4. Зголемето го внесот на незаситени масни киселини кои ги има во нерафинираните масла за јадење, јаткастите плодови и семките. Незаситените масни киселини се многу важни за одржување на оптималниот имунитет како и правилниот метаболизам. Рафинираните масла кои најчесто се користат во македонската кујна преставуваат само дополнително оптеретување на организмот со токсини како што се појачувачи на вкусот, адитиви итн..

5. Намалете го внесот на храна богата со холестерол, покрај другото холестеролот го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Храна која е богата со холестерол се јајца, сланина, масни месни продукти, сирење, и кашкавали итн. За таложење на лошиот холестерол е виновна и пржената и похована храна.

6. Зголемете го внесот на сложени јаглехидрати. Главен извор на оваа круцијална состојка се овошјето и зеленчукот како и интегралните житарки.

7. Редовно внесувајте доволно количесвто на течност во телото. Секогаш нека биде над 2 литра. Вода, чај, и цедени сокови, никако купени, купените се полни со конзерванси презервативи и пастелизатори па дури и оние на кои пишува 100%. Водата е најважна, со водата се поврзани сите метаболитички процеси во телото, а и исфрлањето на токсини е дирекно поврзано со дневниот внес на вода.

8. Намалете го или сосема исфрлете го внесот на рафинирани шеќери. Добра замена за рафинираниот шеќер е кафеавиот не рафиниран шеќер, но и тој треба да биде внесуван во оптимални количини. А најдобра замена за рафинираниот шеќер е здравиот мед и уште поздравиот малтекс.

9. Намалете го внесот на рафинирана сол. Истата заменете ја со нерафинирана морска сол која ја има во сите продавници на здрава храна.

10. Избегавајте го кафето цигарите и алхохолот. Tие се главнитe загадувачи на вашето тело. Кафето заменетего зо шолја здрав зелен чај, а алхохолот ограничете го на 1 чаша вино секој втор или секој трет ден.

Saturday, December 22, 2007

ЉУБОВ

Велат: љубовта постои. Но љубов - љубов - што е тоа?

Најнапред, таа е единственото чедо на човекот за кое тој, самиот, не знае ниту кога, ниту како, ниту од каде дошла?! Едноставно, таа во еден незнаен миг ќе ти тропне на тајната врата на срцето и - тука е.

Ни си ја повикувал, ни си ја посакувал, ни си се надевал на неа. Ама, таа се вселила во тебе.

Започнува да те обзема, да ги затега сите тетиви на телото, а најмногу и најсилно сивите клетки во твојата глава.

Потоа, со неа си легнуваш Со неа се будиш.

Чувствуваш огнови што го палат твоето срце и го горат твоето тело.

Си мислиш: јас љубљм! Морам да сакам или ќе умрам.

Гревови те разјадуваат додека покајнички и предавнички не заклучиш: ако е тоа грев, Господе, не проштевај ми го! Никогаш.

Се чувствуваш човек - жив!

Се колнеш: денес те сакам повеќе од вчера а многу помалку отколку што ќе те сакам утре!

Но зборови не се потребни. Јазикот на љубовта веќе се преселил во очите.

А со нив откриваш. Го откриваш светот на љубовта. Ја гледаш нејзината интензивна боја.

И што ќе видиш?

Љубовта има закони на својот развиток. Свој живот. Како цвеќето, како животот на човекот.

Раскошна и блескава пролет.

Жешко лето.

Есен. За едни топла и плодоносна, за други - гнилеж, јаловост, магливост, мемла.

Зимата е за сите иста – покриени трагови, цибрина, малку светлост а премногу мрак. Студенила.

Останале само сенки. Можеби и некој спомен.

И искуство.

Си научил.

Кога прв пат воздивнав за љубовта, тоа беше последната воздишка за разумот и мудроста. Ако, не жалам!

Љубовта ми беше господар.

Тешко ми беше кога сакав некого кој повеќе не ме сакаше. Многу потешко кога ме сакаше некој кого повеќе не сакав.

Најнакрај, почнуваш да споредуваш.

Наскоро потоа – престануваш да љубиш.

Сонцето пак свети...

Водата си го пронаоѓа најлесниот пат до морето.

ДАДЕТЕ КОМЕНТАР
МАКЕДОНИЈА