Sunday, December 23, 2007

Детоксификација на организмот

Исфрлањето на токсините од телото е многу важно за здравјето. Токсините се на секаде, во храната што ја јадеме, генетски модифицираната храна, во месото полно со хормони, во купените сокови полни со конзерванси, адитиви, појачувачи на вкусовите, во алхохолот и цигарите, смогот.. речиси во секој аспект на модерното живеење. Организмот полн со токсини е подложен на повеќе напади на вируси, бактерии и различните болести се поприсутни во денешново модерно живеење.

Тестирајте се да видите дали на вашето тело му е потребна детоксификација

  1. Дали ви се случува бар 2 пати во неделата да имате главоболка?
  2. Дали некогаш ви солзат или ве чешаат очите , или ви се појавува леплив исцедок?
  3. Дали имате темни кругови под очите?
  4. Дали некогаш ве чешаат ушите,имате болка во ушите, исцедок, или зуеење?
  5. дали имате проблеми со затнување на носот, или проблеми со синусите?
  6. Дали имате егземи или чешање на кожата?
  7. Дали некогаш чувствувате болка во зглобовите и мускулите?
  8. Дали имате спор метаболизам и тешко слабеете, или можеби тешко добивате килограми?
  9. Дали патите од често и итно мокрење?
  10. Дали често имате киселини во желудникот, и нагони за повраќање?
  11. Дали наутро имате исклучителен горчлив вкус во устата и бел и леплив јазик?
  12. Дали брзо се опијанувате од алхохол?
  13. Дали кофеинот од кафето не делува на вашето спиење?

Доколку имате позитивни одговори на 5 или повеќе прашања, вашиот организам има потреба од детоксификација.

Доколку имате 3 до 5 позитивни одговори, вашиот организам почнува да се гуши во токсините. Брзата детоксификација е препорака за ваквата состојба. колку повеќе се одложува проблемот, подоцна е потешко да се отстрани.

Доколку сте одговориле позитивно на 1 прашање, вашиот организам е ослободен од повеќето токсини, што значи дека вашите секојдневни навики имаат позитивен ефект на вашето здравје

Секојдневно ни се заканува опасност од внатрешни и надворешни токсини. На пример кислородот, основата на целокупниот живот на нашата планета и најважната состојка која ја користат сите клетки, секој ден. Кислородот е хемиски реактивен и високо ризичен. Во нормална биохемиска реакција , кислородот може да стане нестабилен и способен за оксидирање на соседните молекули. Ова може да доведе до клеточно оштетување , што понатаму мозе да биде поттикнувач на цанцерот, воспаленија, оштетување на артериите, и предвремено стареење. Оксидираните молекули, познати како оксиданси се создаваат во процесите на контаминација како што се пушењето цигари, пасивното пушење, радијација, внесување на пржена или препечена храна, и нирмални телесни процеси. Антиоксидансите ги неутрализираат овие штетни оксиданси. Балансираниот внес на антиоксиданси може да биде од животно прашање.Секогаш работите можат да се свртат во своја полза, како на пример воведување на храна богата со антиоксиданси или суплемент, би можело да ви го подобри квалитетот на животот 100%. Треба да се запомни дека посебните антиоксиданси никогаш не работат засебно , тие се секогаш различни но поврзани меѓу себе. на пример Витаминот Ц е растворлив во вода, додека витаминот Е е растворлив во масти заеднички тие го штитат ткивото и течностите во телото. Присуството на антиоксиданси е од непроценливо значење во организмот.

Главниот сојузник во вашата детоксификација се антиоксидансите.

Храната богата со антиоксиданси,

Дренки, боровинки, јагоди, капини, односно бобестото овошје процентуално содржи најмногу антиоксиданси, потоа следат брокулата, кељот и прокељот, сливи, спанаќ и други кои имаат антиоксиданси но во помала количина.

Внесувањето на доволно течности во денот е исто така од големо значење, за организмот. Просечен човек има потреба од најмалку 2 литри вода во текот на денот за да се овозможи тло за правилно одвивање на сите метаболитички процеси. Пиејки вода, се овозможува исфрлање на токсините преку телесните течности.

Покрај водата важно е и внесувањето на свежо изцедени сокови, растворени со вода поради полесна абсорбција, и внесување на чај. Зелениот чај е природен антиоксиданс, а исто така е и прекрасна замена за кафето. Дневна дозволена количина е 1 литар.

Секојдневната физичка активност е исто така важна за детоксификација на организмот. Со физичката активност се активира телото, а преку потењето дополнително се изфрлаат токсини.

Се разбира за да детоксификацијата биде потполна треба балансирана исхрана полна со овошје и зеленчук. Додека трае периодот на детоксификација препорачливо е да се избегнува храна од животинско потекло.

И на крајот, добриот и квалитетен сон е многу важен за обнова на целиот организам. Квалитетен сон се подразбира сон, кој опфаќа минимум 8 часа спиење, а највазен период за обнова на клетките е периодот од 12 h до 2 h после полноќ.

No comments: