Многу мажи веруваат дека жените се воодушевени кога мажот покажува агресивност, бомбардирање со телефонски повици и смс пораки. Но ова не е точно. Жените повеќе сакаат мажи кои можат да ги контролираат своите емоции, знаат кога треба да настапат агресивно, а кога да се тргнат настрана. Линијата помеѓу нестрпливоста да ја видите и очајот е тенка, затоа мажи внимавајте како постапувате. За да придобиете некоја жена треба малку да и недостасувате. Еве неколку совети:
Имајте свој живот - ако имате премногу слободно време, најдобро е да си најдете некое хоби или слободна активност. Ова ќе ве одврати од намерата да и се јавувате на вашата девојка по сто пати дневно или да бидете со неа постојано. Кога имате свој живот нејзе и покажува дека сте свој човек, кој прифаќа да има свој, а таа нејзин живот. Зависта од девојката е дефинитивно најлошото нешто што можете да го направите.
Нека се прашува дали мислите на неа - откако ќе излезете на состанок со некоја девојка, јавете и се да проверите дали сигурно стигнала дома, но немојте да ја тормозите и наредниот ден со прераскажување на секој детаљ од состанокот. Оставете ја малку да се прашува што правите, дали мислите на неа и кои се вашите следни намери. Јавете и се после 2 или 3 дена и тогаш јасно покажете и дека мислите на неа. Нека помине некој ден, а потоа поканете ја на втор состанок.
Ограничете ги телефонските разговори - најдобар начин да заинтересирате некоја жена, е да ја ограничите својата достапност. Кога ќе ви прати порака, немојте веднаш да одговарате освен ако не е итно. Но немојте да заборавите да бидете учтиви, културни и секогаш да и одговорите на повиците, само не веднаш. И внимавајте да не изгледате незаинтересирани.
Ограничете го времето кое го поминувате со неа - ако сакате вашата љубов да созрее природно, немојте да се врзувате за вашата девојка уште од почетокот на врската. Најдобар начин е првите 2 или 3 месеци да се среќавате на пократки состаноци - нека биде едноставно и слатко, ништо претерано. А викендите почнете да ги поминувате заедно откако ќе поминете некое време во врска.
Бидете сталожени на првиот состанок - најдобро е првиот состанок да биде само запознавање. Немојте да очекувате и да инсистирате на нешто повеќе, на пример бакнеж, покана да влезете кај неа и слично. Културно испратете ја до дома, и заминете си. Со овој гест ќе се претставите како маж кој знае да се контролира и ќе оставите простор да и недостасувате.
Не ја прифаќајте секоја нејзина покана - одбијте една или две нејзини покани, особено кога станува збор за групно дружење со други пријатели. Имајќи свои пријатели ќе и покажете дека таа не е ваша единствена забава.
No comments:
Post a Comment