Thursday, March 20, 2008

Убавите девојки (поезија)

Убавите девојки се како
подморници
океанот ги прима
како што се прима мито
нивните дводимензионални
веѓи втиснати на
лицето како
секавици
убавите девојки зборуваат
како подметнување бомба
како да растеш додека
нивниот беспрекорен грб
станува замена за
тлото а нивниот
глас небото
додека нивните очи
ме гледаат
јас на закачалката
го прошепотувам
лозунгот на ловецот
додека антилопата
како ветер ги
прескокнува љубезностите
јас го натопувам
копјето во хипнотичката
течност на сексот
реброто вреска во грч
убавата девојка
вреска со одмазнички
двоглас
убавите девојки се како
торпедо како
телесен титаник
како тркач во троскок
нивното стомаче е
како непрестано
дишење повеќе од 30
години
грлото како мускул
затегнат во виолински клуч
во клуч осмица
во клучот на универзумот
во клучот што
се побро пенетрира
во катанецот на девственоста
убавите девојки се
како генерали
што на своите потчинети
им издаваат наредба
да дезертираат
како картографи
што го мапираат
отпечатокот на љубовникот
како неосвоен главен
град под ребрата
како тапан
за кого имам убаво мислење
им се пристапува со извинување
на-на-на на-на
за среќа тие се убави
името им го изговарам
мислејќи на
погледот
медузо трета светска
војно
исповедникот вади
пиштол свештеникот
со синџир го удира
преку лицето
убавите девојки
се инцидент во
катедралата на телесноста
тризабец во рацете
на ангелот со
вулкански зашилени ушиња

No comments: