Thursday, March 20, 2008

Убавите девојки (поезија)

Убавите девојки се како
подморници
океанот ги прима
како што се прима мито
нивните дводимензионални
веѓи втиснати на
лицето како
секавици
убавите девојки зборуваат
како подметнување бомба
како да растеш додека
нивниот беспрекорен грб
станува замена за
тлото а нивниот
глас небото
додека нивните очи
ме гледаат
јас на закачалката
го прошепотувам
лозунгот на ловецот
додека антилопата
како ветер ги
прескокнува љубезностите
јас го натопувам
копјето во хипнотичката
течност на сексот
реброто вреска во грч
убавата девојка
вреска со одмазнички
двоглас
убавите девојки се како
торпедо како
телесен титаник
како тркач во троскок
нивното стомаче е
како непрестано
дишење повеќе од 30
години
грлото како мускул
затегнат во виолински клуч
во клуч осмица
во клучот на универзумот
во клучот што
се побро пенетрира
во катанецот на девственоста
убавите девојки се
како генерали
што на своите потчинети
им издаваат наредба
да дезертираат
како картографи
што го мапираат
отпечатокот на љубовникот
како неосвоен главен
град под ребрата
како тапан
за кого имам убаво мислење
им се пристапува со извинување
на-на-на на-на
за среќа тие се убави
името им го изговарам
мислејќи на
погледот
медузо трета светска
војно
исповедникот вади
пиштол свештеникот
со синџир го удира
преку лицето
убавите девојки
се инцидент во
катедралата на телесноста
тризабец во рацете
на ангелот со
вулкански зашилени ушиња

Thursday, March 13, 2008

ВИЦОВИ

Полагаат Пецко и Вецко физика на факултет:
Прв влегува Пецко и професорот му дава задача.
- Еве да речеме Пецко, дека патуваш со воз и топло ти е во купето. Што ќе направиш?
- Па, ќе го отворам прозорецот.
- Е, одлично. Прозорецот има површина од 1.5м2, купето има 12 метри кубни, возот вози со брзина од 80км/ч во западен правец, дува јужен ветер со брзина од 5м/с. За колку време ќе се проветри купето?

Пецко, јасно, појма нема и паѓа на испитот. Излегува од кабинет и му раскажува на Вецко што се случило.
Следен влегува Вецко и професорот пак почнува.
- Да речеме Вецко, дека патуваш со воз и топло е во купето. Шо ќе направиш?
- Ќе го соблечам сакото.
- Ама многу е топло!
- Ќе го соблечам џемперот и кошулата.
- Ептен е неподносливо жешко!
- Ќе ги слечам пантолоните и чорапите.
Се изнервирал професоров и му вели:
- Ами ако карши тебе седи црнец кој почнува да му се дига дури ти се соблекуваш?
- А, бе ако сака може цело купе да ме ебе, ама јас прозорец не отворам!

Наврнало снег до колена во Сараево, а Хасо на радио слуша вести:
„Се молат граѓаните да ги паркираат своите автомобили на страните од улиците со непарни броеви, за да може да се исчисти снегот барем од едната страна на улицата“.

И оди Хасо да го препаркира автомобилот. Утредента, наврнало уште повеќе снег и повторно јавуваат на радио:

„Се молат граѓаните да ги паркираат своите автомобили на страните од улиците со парни броеви“.

И оди Хасо пак да го препаркира автомобилот. Третиот ден, пак врнело снег и Хасо слуша вести. Баш кога спикерот требало да каже на која страна од улицата да се паркираат автомобилите, снемало струја.

„Е што да правам сега?“, си мисли Хасо в ум и сам си вели:
„Море, кој го ебе, денес нека остане в гаража!“

Лета мува и среќава комарец што си го лади патлакот во една капка роса.
- Што правиш тука бе?
- А, мори муво, искрено речено, сакав да ја силувам светулката во темницава, ама тоа цигара да ти било!

Се враќа Хасо од војска без рака и налетува на стариот пријател Мујо.
Мујо го гледа дека е без една рака и го прашува:

- Јао, болан Хасо што ти се случи со раката?
- Не можам тоа да ти кажам пријателе, воена тајна!
- Ајде јаране, можеш барем само мене да ми кажеш – вели Мујо.
- Добро, ама на никој да не кажуваш, важи?
- Важи! – вели Мујо.

- Е, па вака: еден ден бевме ние на обука кога поручникот ни вели дека треба да фрламе рачни бомби. Потоа ни објасни како и ни рече да почекаме до 3 па да ја фрлиме.
- И, што се случи?
- Ех што се случи. Не дојде ни два и петнаесет и кога направи бомбата бууууууууууум – ме остави без рака!

Види Мујо, син ми личи на мене!
- Нема врска Хасо, битно е да е жив и здрав!

Оди Албанец на курс за полицаец по рамковен и таму го учат најосновни работи за да може да се снајде на терен. Пример, кога ќе запре кола треба да го праша возачот „Пиевте нешто?“
Поминало една недела и требало да оди на пракса. Поминува првата кола, тој ја запира и го прашува возачот: „Хеј море, чеш да попиеш нешто?“

Полициска изјава:

- Ајде сега тест, да видиме дали си пијан – Мики Маус е куче или мачка?

На пазар три плавуши купуваат краставици
Првата вели:
- За мене ако може едно кило од овие помалите, подебелите!
Втората вели:
- За мене од овие потанките и подолгите ако може!
А третата:
- За мене од кој било, мене за салата ми се!
Учителката на децата им дава задача сите да раскажат по една интересна случка.
Сите деца раскажуваат по нешто интересно и дошол на ред и Миле да каже:
- Си одам јас учителке вчера низ парк, кога гледам двајца на клупа се ебат.
- Немој Миле така да се изразуваш! Срамота! Ќе речеш имаат интимни односи.
- Добро учителке. Си одам јас вчера низ парк, кога гледам двајца на клупа имаат интимни односи, а кога подобро погледнав, се ебат учителке!

Oди Перо во земјоделска аптека...
-Ај ве молам дајте ми лепак за глувци.
А продавачот ....
-Зошто бе, да не ти се дупна глушецот?

Кавадарчанец на суд...
И после што се случи? – го прашува судијата
Е после ја го ебав со вилата!
Судијата:тоа не може да оди во записник, кажи друг збор!
Кавадарчанецов зачуден: епа да го ебам, ние друг збор за вила немаме друже судија

Како се вика директорот на комунална хигиена во Приштина?
- Измет Фекали :)

- Како се вика син на алкохоличар?
- Синалко.

Две госпоѓи во најдобри години решиле да излезат навечер сами без мажите. Вечерале, сe запиле поприлично и дошло време за дома. Попат им се примочало. За да не им светкаат белите гaзиња во градската темнина решиле да скршнат во гробиштата покрај кои минувале и таму да ги извршат повиците на природата. Нормално немале тоалетна хартија. Првата се забришала со своите гаќи и ги фрлила. На втората и било жал за гаќите па откинала парче од венец и завршила работа. Утредента двајцата мажи си се пожалиле меѓусебно:
- Знаеш жена ми синоќа се врати дома пијана и без гаќи - рекол едниот
- Не е тоа ништо- одговорил другиот. - Мојата исто се врати дома пијана без гаќи а од газот и штрчеше лента на која пишуваше: ".... никогаш нема да те заборавиме. Перо, Миле и фудбалски клуб Слога"!!!

Некој фармер купил млад убав петел за да го замени веќе стариот и изморен петел и да си го обнови кокошарникот. Кога го пуштил во дворот, младиов петел му приоѓа на стариот и му вика:

- Добро стари, времето ти измина, тргај се на страна, ја преземам од денеска.
- Ама младичу, и така не можеш со сите кокошки сам да се справиш, дај да ги поделиме.
- Ма не доаѓа во предвид, гитла од тука.
- Остај ми ги барем оние две стари во ќошот.
- Не може. Стари, млади, сите се мои.
- Епа, кога е така, ај да се тркаме, кој ќе победи негов е кокошарникот.
- Нема проблем, а да не речеш не било фер ќе ти дадам предност 10 секунди.
Почнале да се тркаат петливе и само што почнал младиов да го стига стариот ги забележува фармерот, ја зема пушката, го застрелува младиот петел и опцува:
- Мајку му стара, ова е трет петел - педер неделава.

Влегува кфор-овец во продавница и прашува:
- Имате крема за чевли бр. 42? Продавачот одговара:
- Имаме крема за сите чевли. Војникот упорен:
- Ама јас сакам крема за чевли бр. 42!
Се карале тие така додека на крај војникот не си отишол.
Утредента доаѓа командирот и продавачот му вика:
- Леле, што глупи војници имате, ми бараат крема за чевли бр. 42.
- Остави ги, тие се глупави, него дај ми ти мене игла за бел конец.